Петров на теренот е бескомпромисен борец, a приватно е позитивна личност (ВИДЕО)
Петров на теренот важи за бескомпромисен борец, а со ракомет почнал на седумгодишна возраст, кога тренерот Бисинов од Велес го сретнал на улица и го убедил да почне да тренира ракомет.
„Почнав да тренирам на седумгодишна возраст. Тренерот Бисинов од Велес ме најде на улица. Бев поголем и подебел од сите во мојата генерација и ме фати рака и ми кажа со татко ми да одам на тренинг“, открива Петорв.
Ракометарот на Алкалоид откри дека пред натпреварите се мотивира со добра музика, кафе, но и разговор со колегите, а најголема желба му е да освои двојна титула со Алкалоид.