Пелистер лесно се справи со Бутел и ја продолжи победничката серија!

За разлика од европските натпревари, Пелистер доминира во домашното првенство, битолчани денеска на свој терен го совладаа тимот на Бутел со убедливи 34-25.

Бутел одлично го почна натпреварот, имаше и водство од 8-6, но потоа се променија работите, Пелистер направи серија од 6-1 и поведе со 12-9. На одморот битолчани имаа предност од 19-13.

Во второто полувреме актуелниот македонски шампион само рутински ја доврши работата и на крајот дојде до убедлив триумф од 34-25.

Филип Кузмановски со 10 голови беше најдобар стрелец на мечот, Дејан Манасков запиша седум погодоци, во составот на Бутел најдобар беше Драган Шолиќ со шест гола.

Со оваа победа Пелистер се врати на првото место во Суперлигата и има уште еден меч за да ја задржи позицијата пред плејофот, тоа е на гостински терен кај Прилеп.