Пелистер и Вардар ќе се борат за првиот трофеј сезонава и тоа во – Струмица!

Актуелниот шампион Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар, официјално ќе ја отворат сезоната со битката за трофејот во Суперкупот, која годинава ќе се случи во Струмица.

Според информациите од РФМ, првото годинешно ракометно „Ел Класико“ ќе се одигра на 6 септември во салата „Парк“, со директен пренос на МТВ.

Информацијата за тоа кога ќе почне продажбата на билетите за оваа пресметка и за тоа по колку од нив ќе им следуваат на навивачите на двата лути ривали, ќе биде објавена дополнително.