Пелистер 2 во последните моменти се спаси од пораз против Бутел
Битолскиот состав имаше водство пред паузата со 11-10, но гостите од Скопје заиграа подобро и во продолжение се обидоа да го скршат отпорот на домаќинте.
Во најголем дел од натпреварто се играше израмнета и тешко можеше да се претпостави кој е поблиску до победата.
Пред самиот крај Бутел водеше со еден гол разлика, но домашнниот состав во завршницата дојде до бод на свој терен.
Најдобар кај домаќините беше Мохамед Азиз со девет гола, еден помалку за Бутел постигна Тодор Узунчев.