Металург ангажираше суперталентиран Грузиец

Металург се засилува за следната сезона, па тие денеска потврдија дека го ангажирале суперталентираниот Грузиец, Иракли Кбилашвили.

Кбилашвили привлече интерес од неколку клубови, но и покрај тоа, Грузиецот се одлучи да го облече дресот на клубот од Автокоманда.

Кбилашвили е втор Грузиец во екипата на Металург, откако тие претходно го ангажираа Реваз Чантурија.

Исто така ова е шесто засилување за Металург, откако претходно ги ангажираа Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Чантурија, Маријан Мариќ и Даниел Ѓоргески.