Куманово го победи Пролет и му ги расипа математиките за плеј-оф

Куманово ја искористи предноста на домашен терен и со 23-21 го победи Пролет кој не го искористи поразот на Бутел за да се доближи до шестата позиција која води во плејофот.

Пролет влезе како фаворит во дуелот со Куманово, а така и го почна натпреварот. Иако беше тесно во првиот дел, тие беа екипата која најчесто го имаше водството. На одморот заминаа со предност од 12-11.

Но, Куманово имаше фуриозен влез во вториот дел, почна со 4-0, го сврте резултатот и дојде до предност која ја одржа до крајот за конечен триумф од 23-21.

Најдобар ракометар во составот на Куманово беше Давид Димевски со шест голови, кај Пролет Давор Павлевски погоди десетпати.

Пролет остана на седмата позиција со четири бодови помалку од Бутел кој е на последното место кое обезбедува плеј-оф.