Калараш е завршена работа - уште две години во Вардар!

Шпекулациите дека Глеб Калараш ќе се враќа во Вардар добија цврста потврда преку изјава на Едуард Кокшаров, спортскиот директор на Вардар, кој истовремено е и селектор на руската репрезентација.

Калараш ќе игра во Вардар уште две сезони, изјави Кокшаров за руските медиуми, со тоа ставајќи крај на сагата на рускиот пикер со Мотор Запорожје.

„Калараш ќе ја продолжи својата кариера во нашиот клуб. Неговиот нов договор ќе биде двегодишен. Од петок (денеска), тој веќе почнува да тренира со Вардар. Можете да му честитате на Калараш за неговата одлука“, вели Кокшаров.

Пивотот беше еден од играчите кои се договорија со нови клубови, откако Сергеј Самсоненко, во април, им соопшти дека го напушта Вардар. Мегутоа, откако излезе дека Вардар ќе опстои и ќе преживее, 28-годишниот пикер не сакаше воопшто да почне со новиот клуб, Мотор Запорожје и стори се за да се врати.

Калараш дојде во Вардар од Магдебург, а претходно играше две сезони за Мотор. Неговиот придонес во тимот беше видлив, особено во одбраната. Сега доага како поткрепа за новиот Русин на пивотменската позиција, Сергеј Горпишин, како и на капитенот Столе Стоилов.