Хрватска легенда по 18 години минати во Загреб потпиша за - Металург!

Хрватската легенда која цели 18 години го носеше дресот на Загреб, Златко Хорват е најново засилување на Металург, кој има големи амбиции следната сезона и гради конкурентен тим.

Репрезентативецот на Хрватска го добива првиот предизвик со странски клуб бидејќи досега настапуваше само во Загреб, а без сомнеж ќе биде квалитетно засилување за екипата од Автокоманда.

Металург претходно се засили со неколку ракометари, меѓу кои се Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш, додека потпишаа и со Бразилецот Енрике Тешеира, чиј трансфер се искомплицира.