
Хаос на дербито во „Јасмин“, Лазаров ги искара сите и го - реши проблемот (ВИДЕО)
Тоа апсолутно не беше намерно, иако чуварот на мрежата заврши легнат на паркетот по силниот погодок директни в лице, но така не мислеа соиграчите на „жртвата“ кои почнаа да го туркаат десното крило на „фармацевтите“. Тоа иницира голема мешаница, која за среќа не прерасна во тепачка.
Најзаслужен за тоа беше тренерот на гостите од Скопје, легендарниот Кирил Лазаров, кој влета на паркетот и почна да ги опоменува сите што сакаат да истераат некоја своја правдина, без разлика од која екипа беа. Неговиот авторитет беше пресуден ситуацијата да се смири и да не ескалира, а мечот да продолжи со по двајца исклучени највоинствени од двата тима, заедно со Петковски поради шутот во главата на голманот на Тиквеш.
*инцидентот почнува на -28.00 од видеото