Фантастично: Со гол „ала Пранди“ се изборија за ракометната елита (ВИДЕО)
Талисман на радовишани беше Постолов кој погоди со истекот на времето, со удар од девет метри, преку жив ѕид од противнички играчи. Неговиот гол наликуваше на оној на францускиот репрезентативец Пранди во полуфиналето од Европското првенство со кој „триколорите“ избегнаа пораз од Шведска и се изборија за продолженија, а потоа и за пласман во мечот за титулата.