Дрогришки и Крстевски потпишаа нови договори со Охрид

Македонскиот суперлигаш Охрид потпиша договори со двајца важни ракометари и продолжи да формира состав за следната сезона.

Охрид соопшти дека потпишал договори до 2025 година со стандардните ракометари Стефан Дрогришки и Горан Крстевски.

„Гладијаторите“ имаат седум победи и два порази, односно еден триумф помалку од Пелистер и сè уште се во игра за титулата во Суперлигата.