Бутел издржа едно полувреме, па се распадна против Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид запишаа нов триумф во Суперлигата, откако вечерва го надиграа Бутел со 27-21.

Бутел парираше во текот на првото полувреме и на паузата замина со 11-11, но ракометарите на Кире Лазаров во вториот дел го засилија темпото и создадоа водство од 20-15, по што без проблеми ја запишаа новата победа.

Дамјан Митев постигна шест голови за Алкалоид, додека Јефтиќ запиша седум погодоци за Бутел.

Алкалоид во последниот меч оваа сезона ќе гостува кај Пелистер во Битола.