Борко Ристовски ќе ја плати казната на навивач на Вардар гонет за веење на Кутлеш!

Втората шампионска титула за ракометниот тим на Вардар донесе огромна радост за навивачката армија на македонската спортска гордост, но еуфоријата по лошо ја памети еден од навивачите, кои неколку месеци подоцна доби покана за на суд поради веењето знаме со сонцето од Кутлеш.

Тој в среда треба да се појави пред судијата за прекршоци, а изминатиов период добива голема поддршка преку социјалните мрежи. Еден тие што застанаа позади навивачот е и сегашниот голман на Вардар, Борко Ристовси, кој упати порака дека тој ќе ја плати казната која ќе ја добие навачот од судот за прекршоци.