Борко Ристовски апелира: Останете здрави и купувајте - македонски производи (ВИДЕО)

Пандемијата со коронавирусот го суспендира светскиот спорт на неодредено време, поради што спортистите, секој на свој начин, се обидуваат да останат во кондиција и тоа најчесто во самоизолација односно карантин.

Ништо поразлични не се и македонските спортисти, особено оние со репрезентативен предзнак, кои истовремено се обидуваат да испратат и порака до своите сограѓани да ги почитуваат мерките за заедничка борба против болеста Ковид-19. Еден од последните што го стори тоа е голманот на Вардар и на жолто-црвената селекција, Борко Ристовски.

„Завршувам со мојот утрински тренинг, во самоизолација на Водно. Мора сите да останеме здрави за да го победиме овој вирус. Затоа мојата порака е: 'Останете здрави, вежбајте секаде каде што можете да вежбате, но исклучиво во изолација и да не го заборавиме најважното – купувајте македонски производи за да ѝ помогнеме на македонската економија', “, порача популарниот „Министер за одбрана“.