Атракција на денот: Манасков даде гол од зад грб (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков кој летово се врати во Вардар имаше супер атракција денеска во пресметката со Алкалоид откако даде фантастичен гол од зад грб.

Во контрата пред крајот на првиот дел, Манасков го изненади голманот на Алкалоид, Благојче Трајковски, па невообичаено шутна од зад грб и чуварот на мрежата немаше шанси да спреки атрактивен погодок на репрезентативното крило.