Алкалоид со атрактивен цепелин во последниот напад го урна Бутел (ВИДЕО)

Ракометарите на Алкалоид славеа со 25-24 против Бутел во Купот на Македонија и обезбеди финале во својата група.

Двете екипи имаа добар почеток и резултатот беше израмнет по првите 30 минути (13-13), по што Алкалоид направи исчекор и поведе со 18-16.

Бутел набрзо се врати во игра и израмни на 22-22, по што се играше израмнето до последните секунди, кога Алкалоид во последниот напад се реши за атрактивен цепелин на Мартин Серафимов за голема победа.

Серафимов со 11 голови беше најдобар кај Алкалоид, додека Јефтиќ и Мајиќ постигнаа по пет погодоци за Бутел.