Алкалоид победнички почна да ја испишува својата ракометна историја

Новоформираниот ракометен клуб Алкалоид денеска и официјално го имаше својот прв натпревар во рамки на Првата лига и го совлада Металург РА со убедливи 37-18.

Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе слави на натпреварот што се одигра попладнево во „Борис Трајковски“, бидејќи домаќинот водеше со убедливи 19-9. 

Најдобри во таборот на Алкалоид беа Стојков со девет и Кофилоски со седум гола, додека во редовите на гостинот по четири гола дадоа Прцуловски, Неданоски и Ангелески.