Алкалоид ја прегази Струга за шести триумф во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид триумфираа со убедливи 33-22 против Струга во седмото коло од македонската Суперлига.

По израмнетиот почеток на натпреварот (3-3), Алкалоид додаде гас и набрзо му избега на ривалот, а до полувремето стигна до предност од 16-8.

Алкалоид продолжи да ја полни мрежата на Струга во вториот дел, а на крајот оствари убедлива победа од 33-22.

Избраниците на Кире Лазаров имаат шест победи и еден пораз по седум одиграни меча.