Секулов доби професионален договор од Јувентус: Се исплатеше жртвувањето... (ФОТО)

Еден од најголемите македонски таленти, Никола Секулов, кој се откажа од националниот тим на Македонија и го искористи правото да игра за Италија, денеска на социјалните мрежи се пофали дека потпишал професионален договор со Јувентус.

Македонскиот фудбалер, кој настапуваше со успех во младинските категории на „Старата дама“ ја оправдал довербата кај италијанскиот шампион, кој реши да му понуди професионален договор.

„За мене и за моето семејство ова е еден посебен момент бидејќи, по толку многу жртви, конечно се реализира сонот да бидам професионален фудбалер на Јувентус. Но, ова сакам да биде точка на почеток на едно ново поглавје во овој дрес и со овој клуб, на кој му благодарам што ми даде шанса да се докажам им да им ја оправдам нивната доверба. Сакам да се заблагодарам до моето семејство и мојот агент, кои ми даваа поддршка“, порача Секулов на социјалните мрежи“, порача Секулов.