Репрезентативецот Ќамили стрелец во ремито на Сондерјиске (ВИДЕО)

Репреентативецот на Македонија, Лирими Ќамили кој е во составот на Благоја Милевски и за дуелите со Фарски Острови и Ерменија постигна гол за екипата на Сондерјиски.

Ќамили во натпреварот против Виборг стрелаше во 34. минута кога го отвори резултатот, а на крајот средбата заврши без победник 2-2.

За Ќамили ова е втор гол во сезоната, стрелаше и во претходниот натпревар против Митјиланд. Од македонските интернационалци за Сондерјиски во натпреварот настапија и Сефер Емини и Иван Николов.