Рајо не го заборава: Цел стадион во Ваљекас му аплаудираше на Димитриевски (ВИДЕО)

Валенсија денеска гостуваше во рамките од Ла Лига гостуваше кај Рајо во натпревар кој заврши без победник 1-1, а за македонскиот голман Столе Димитриевски ова беше враќање на стадионот каде што помина прекрасни моменти од кариерата.

Димитриевски во Рајо помина шест години од 2018 до 2024 година и ниту клубот, ниту навивачите не го заборавија неговиот придонесе, па сосема заслужено денеска беше пречекан и со овации. 

Македонскиот чувар на мрежата беше поздравен од поранешните соиграчи, членовите на стручниот штаб, но и навивачите на стадионот. Кога е натпреварот во прашање, Димитриевски не доби прилика да брани против својот поранешен клуб и остана на клупата за резерви.