
Рајковиќ контра Русите: Не постојат Северномакедонци - јас и Нено сме Македонци!
Двајцата ги бираа своите кошаркари за ревијалниот дуел закажан за 18 февруари во Москва, а Рајковиќ ја искористи ситуацијата за да им посочи на водителите како е вистинското име на нашата нација.
„На вашата интернет страница забележав дека мене и Димитријевиќ не пишувате како Северномакедонци. Тоа не постои, новото име на нашата држава е Северна Македонија, но според меѓународните договори, ние по националност сме Македонци“, рече трофејниот стручњак.
Димитријевиќ требаше да настапи на Ол стар натпреварот, но одлучи да го прескокне тој настан и да се подготви за стартот на квалификациите за Европското првенство, односно дуелите против Естонија и Полска кон крајот на месецов.