Проблем за Динамо: Се повреди Адеми

Maкедонскиот фудбалер Аријан Адеми се здобил со повреда во денешниот натпревар на Динамо Загреб против Славен Белупо.

Поради повредата македонскиот фудбалер настапот го заврши во 19. минута, а на негово место во игра влезе Бранко Павиќ.

Засега нема подетални информации околу тежината на повредата и тоа би требало да биде познато по направените тестови. Отсуство на Адеми секако би било проблем за Динамо во период кога тимот заостанува седум бода зад лидерот Хајдук во првенството.

Вториот македонски фудбалер, Стефан Ристовски за денешниот натпревар не беше на располагање на тренерот Бјелица поради жолти картони.