Пандев гостин на Интер: Скаутот Касираги бил најзаслужен за неговата преселба во Италија (ВИДЕО)
Пандев во интервјуто објаснува како со Беласица на 13-годишна возраст пристигнал на Виераеџо Купот каде што настапуваат екипи со фудбалери до 19 години, а на тој турнир блесна во најдобро светло.
Токму таму бил забележан од скаутот на Интер Пјерлуџи Касираги. Касираги се појавил во хотелот каде што бил сместен Пандев и го прашал дали сака да дојде во редовите на Интер.
Исто така неизбежна тема беше и Жозе Мурињо кој токму со генерацијата во која член беше и Пандев на италијанскиот шампион му ја донесе историската „триплета“.