Нено продолжува да блеска: Со дабл-дабл ја водеше Олимпија до нова победа!
Одново и во овој натпревар најдобар на теренот беше македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок.
Димитријевиќ со 17 поени беше најефикасен во редовите на Олимпија, но додаде и уште десет асистенции, а имаше и еден скок.
Најефикасен на натпреварот беше Мифонд Кабенгеле од редовите на Венеција со еден поен повеќе од Димитријевиќ. На табелата Олимпија по овој триумф се наоѓа на четвртата позиција.