Мајсторски погодок на Давид Бабунски од 20-тина метри (ВИДЕО)

Поранешниот младински фудбалер на Македонија, Давид Бабунски, го забележа вторито гол сезонава во дресот на јапонскиот второлигаш Омија.

Фудбалерот кој беше дел од генерацијата која настапи на Европското првенство во Полска погоди од дваесетина метри во 22. минута од мечот за 1-1 во тие моменти, иако неговиот тим загуби од Токушима со 2-3 пред своите навивачи.  

Македонскиот фудбалер беше на теренот еден час, а потоа беше заменет. Инаку, Омија загуби значајни бодови во трката за прволигашка промоција, па така моментно е трета на табелата со 63 бода. Директен пласман во Првата лига на Јапонија обезбедуваат само првопласираните две екипи.