Лазаров ќе се бори за првиот пехар во дресот на Нант

Кире Лазаров и Нант ќе играат во финалето на „Трофејот на шампионите“ во Франција, откако вечерва беа подобри од Монпелје.

Нант го совлада Монпелје со 31-28, покажувајќи уште еднаш дека е екипа на рамниште на европската елита. Првиот дел го добија со 18-16, а токму Лазаров го постигна последниот погодок, од пенал. Тоа остана негов единствен гол на натпреварот.

Во финалето Нант ќе игра со ПСЖ, кој беше подобар од Сен Рафаел со 35-28. „Трофеј на шампионите“ е натпреварување кое француската ракометна федерација го воведе во 2010 година. Претставува дуел меѓу првакот, освојувачот на Купот и победникот во Лига-купот (финалистот ако некој се повторува), како и највисокорангираната екипа надвор од оваа тројка.