Ќе гради интернационална кариера: Чешмеџиев пред потпис за клуб од БиХ

Македонскиот дефанзивец Константин Чешмеџиев (24 години) ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Вележ, во шампионатот на БиХ.

Иако Чешмеџив имаше понуда на маса за продолкжување на договорт со Шкендија, тим во кој мина последните две години, сепак се одлучи за промена на средината.

Поранешниот репрезентивец во младинските категории на Македонија утре ќе замине во БиХ и ќе стави потпис со тимот од Мостар, а овој тим се очекува да биде стандарден првотимец.

Инаку, покрај Шкендија, Чешмеџиев ги бранеше боите и на Работнички, каде ја започна својата кариера, а играше и за Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП и Академија Пандев.