Ердон Даци постигна гол од половина терен (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Ердон Даци викендов го постигна еден од најубавите погодоци во својата кариера и во натпреварот за Деинзе против Моленбек постигна гол од пловина од терен.

Кон средината на првиот дел Даци доби топка на средината од теренот, шутираше и успеа да го изненади противничкиот голман. Голот на македонскиот интернационалец сепак не беше доволен Деинзе да го избегне поразот (3-2).