Елмас ги покажa новите фантастични копачки (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се пофали на социјалните мрежи со новите копачки, на кои се наоѓаат неговиот лик, лав и македонското знаме.

Елмас напорно се подготвува за продолжувањето на сезоната, а првиот меч го игра со Наполи на 13 јуни против Интер во италијанскиот Куп.