Дејан Илиев се сели во ЦСКА!?

Македонскиот голман Дејан Илиев не добива минутажа во првиот тим на Арсенал, па токму тоа сака да го искористи ЦСКА Софија, која наскоро ќе испрати понуда до екипата од Лондон.

Илиев бранеше солидно во екипата до 23 години на Арсенал, но тоа не е доволно за тренерот Унај Емери, кој очигледно нема да смета на услугите на македонскиот голман во следната сезона, па токму ЦСКА ја бара шансата и планира да го донесе Македонецот.

Бугарските медиуми пишуваат дека ЦСКА го сака Илиев како замена, но ќе му дадат шанса и во првиот тим за да ги покаже своите квалитети.