Заврши сапуницата: Ванда и Мауро на два дена се развеле, па се премислиле – цвета љубовта!

Сапуницата кај најконтроверзниот пар Мауро Икарди – Ванда Нара после неверството на фудбалерот на ПСЖ пред десетина дена заврши со трилер пресврт, откако контроверзната Аргентинка откри дека – два дена прво биле разведени.

Ванда откако го фатила Икарди со помош на приватен детектив, па хакирајќи му го телефонот, дека ја изневерува со аргентинска глумица, објави статус дека „една ку*ва повторно растура брак“ и таа побарала развод. Мауро ѝ го исполнил барањето, арно ама после два дена, се премислиле – љубовта пак процветала.

„Сликите кои ги ставав последните месеци покажуваа колку бевме добри и колку бевме среќни. Многу ме повреди тоа што се случи и секој ден од Мауро барав развод. Кога тој сфати дека нема враќање, ми рече дека вака не може да продолжиме, па дека разводот е единствен начин да ја прекинеме силната болка и дека тоа треба да го направиме. Отидовме кај адвокат и за два дена се договоривме, Мауро ги прифати сите услови и го потпишавме договорот за прекин на бракот“, открива Ванда.

Но, кратко траело сето тоа, зашто едно писмо од Икарди сменило сѐ.

„Утрото после потпишаниот развод ми напиша писмо какво што никогаш не напишал. Напиша: 'сѐ ти дадов и сѐ имаш, се надевам дека можеш да бидеш среќна зашто тоа и мене ќе ме направи среќен'. Тука сфатив дека дури и сѐ да имам, не значи ништо, ако го немам него. Сигурна сум дека овој лош момент ќе нѐ направи посилни и како пар и како семејство“, додава Ванда.

Аргентинскиот пар осум години е во брак откако Мауро ја украде Ванда од својот најдобар пријател Макси Лопез, со кого Аргентинката има три деца, а со Икарди уште две.

„Важно е дека двајцата имавме потполна слобода да ставиме крај на осумгодишниот брак, но со душата уморна од плачење, повторно се избравме. Те сакам Мауро Икарди“, заврши Ванда.