Затворската казна за Алвеш можела да биде уште поголема да не помогнело семејството на Нејмар

Дани Алвеш вчера доби затворска казна од 4,5 години поради сексуално злоставување на девојка во ноќен бар во Барселона, плус 150 илади евра кои треба да ѝ ги исплати на оштетената.

Државниот обвинител барал 9 години, а адвокатот на девојката 12 години затвор за Алвеш, но клучен фактор во изрекувањето на пресудата биле тие 150 илјади евра. Поранешниот десен бек се согласил да плати толку, а помош добил од својот некогашен соиграч од Барселона, Нејмар и неговото семејството кои буквално му ги подариле парите. Освен тоа, Нејмар му го отстапил својот адвокат да го брани пред судот и тој успеал да се избори за поприфатлива казна.

Алвеш пред судот тврдеше дека не ја силувал девојката, но неговите тврдења не беа земени предвид. Покрај казната, тој ќе биде уште пет години под надзор од законските органи, а 9,5 години ќе има забрана за приоѓање на девојката што ја силвал.