„Војна“ во Торино: Ултрасите на Јувентус го бојкотираат клубот поради апсењата на водачите!

Голема бура има во Торино откако 12 водчи на ултрас групи на италијанскиот великан Јувентус беа уапсени поради закани и уцени кон „старата дама“, по што најжестоките навивачи на торинскиот гигант преземаа радикален чекор – ќе го бојкотираат денешното гостување во Мадрид.

Сè почна откако Јувентус пријавил дека е мета на уцени од водачите на ултрас-групите да добијат повеќе билети, кои потоа на „црниот пазар“ би ги препродавале и би заработувале сериозна сума на пари, за да не прават проблеми на стадионите – прекини, расистички испади... Водачите се упасени во рација на полицијата после едногодишна истрага и сега се обвинети за криминално здружување, уценување, перење на пари и насилничко однесување.

Поради ваквиот исход, а самиот факт дека „старата дама“ ги пријавила во полиција, сега навивачите нема да им дадат поддршка на Роналдо и другарите на отворањето на новата сезона во Мадрид против Атлетико.

Останува само прашање дали бојкотот ќе продолжи и во Серија А или пак „војната“ ќе се разгори на релација навивачи – управа, па Јувентус да се соочи со сериозни санкции, ако навивачите тргнат во уште порадикални чекори.

Инаку севкупно се уапсени 37 лица, од кои 12 се многу големи лица во навивачката хиерархија на „старата дама“. Рацијата била во северна и средна Италија.