Велосипедист со огромна брзина удри во судија во Токио (ВИДЕО)

Еден глупав потег од судија можеле да предизвика инцидент со посериозни последици во Токио. Велосипедистот Ниек Киман се движеше со голема брзина по патеката, а потоа налета на еден судија кој не можеше да го избегне.

Поранешниот светски шампион со огромна брзина се удри во судијата и двајцата останаа да лежат на патеката.

Двајцата минаа без посериозни повреди, а на спортистот му е отечено коленото и се надева дека ќе може да настапи во четврток.