Ужасни сцени во Англија: Ја „промаши“ трибината, па доби ќотек како никој до сега! (ВИДЕО)

Ужасни сцени беа забележани во третата англиска лига, откако навивачите на Блекпул жестоко ги претепаа приврзаниците на Флитвуд.

Овие два клуба важат за лути ривали, бидејќи и двата се од областа на Ленкешер. За време на нивниот дуел на „Бламфилд Роуд“, се случи брутална тепачка.

Еден локален навивач упадна на теренот и дошол до гостинската трибина, само за да ги испровоцира противничките навивачи, а потоа доби ќотек од доаќините. Обезбедување се обиде да ја запре тепачката, но не успеа, па затоа навивачот бил претепан што ни родена мајка не би го препознала.