Урнебесно: Јувентус доби нов грб поради Сари (ФОТО)

Веќе извесно е дека Маурицио Сари, досегашниот менаџер на Челси и бивш кормилар на Наполи ќе седне на клупата на италијанскиот великан Јувентус, па креативните твитерџии експресно најдоа начин како да го одбележат доаѓањето во Торино.

Додека се чека официјалната промоција и објава дека Сари го наследува Масимилијано Алегри на клупата на „старата дама“, твитерџиите направија ново лого на Јувентус и тоа инспирирано од „зависноста“ на тренерот кон цигарите. Сари во Италија нема да има проблем да си запали цигара на стадион, за разлика од Англија, па еден од мотивите да се врати е токму тој.

Италијанецот ќе потпише тригодишен договор, а годишно на „Алијанц“ ќе заработува по седум милиони евра.