Уапсен бивш водач на БББ и сегашен на Делии: Заедно шверцувале 170 кг. марихуана!

Хрватската полиција во средата во Карловац уапсила двајца мажи кои во камионот што го управувале имале дури 170 кила марихуана

Станува збор за поранешниот водач на навивачката група на Динамо Загреб БББ, Горан Хајдуковиќ – Чупко и сегашниот водач на навивачката група на Црвена звезда, Делии, Драган Павловиќ.

Освен марихуана кај нив бил пронајден кокаин, но и два пиштола. Камионот го возел Хајдуковиќ кој и во минатото бил обвинуван за разни кривични дела, а дури три пати бил обвинет за обид за убиство.

Тој пред 18 години со нож нападнал двајца навивачи на Хајдук кои се здобиле со тешки телесни повреди.Полицијата против двајцата уапсени ќе поднесе кривични пријави за неовластено производство на дрога и за неовластено поседување на оружје.