Твитер залудно го обвини детето кое пуши цигара: Тој има 36 години! (ВИДЕО)

Пред почетокот на пријателскиот меч помеѓу Фенербахче и Бурсаспорт се случи интересна ситуација на трибините.

Во текот на преносот во жибо камерата „улови едно дете“ како пуши цигара, а потоа следуваа бројни коментари на социјалните мрежи.

Многумина се чудеа како детето воопшто успеало да ги внесе цигарите на стадион, додека други бараа што побрзо да се открие идентитетот на личноста.

Иако, споменатиот навивач на Бурсаспорт, навистина делува како дете на видеото, неговите години не се ниту близу до она што го гледаме.

Имено, се работи за човек кој има 36 години, а детето кое седи покрај него е негово.