Дресот на Сити за следната сезона може да биде само добар чаршав (ФОТО)

Навивачите на Манчестер сити воопшто не се среќни, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од третиот дрес на тимот за следната сезона. 

„Пума“ се одлучи за тотално нетрадиционален дрес, кој за навивачите на клубот подобро би стоел на маса како чаршав или како завеса.