Трагедија во Санкт Петербург: 14-годишен хокеар почина по удар од - пак! (ВИДЕО)

Голема трагедија се случи во Санкт Петербург за време на тренинг, кога едно 14-годишно момче беше погодено од хокеарски пак во градите, по што почина.

Камерите го снимиле моментот на тренинг, кога настрада хокеарот кој најпрво се пожали на повреда, по што падна на мразот, а докторот на тимот веднаш тргна да му помогне на несреќното дете.

Руските медиуми објавија дека му бил нагмечен градниот кош и поради тоа му застанало срцето, а клубот отвори интерна истрага.