Тепачка меѓу навивачите на Ц. Звезда и Партизан пред вечното дерби!

Пред вечното дерби меѓу фудбалерите на Партизан и Црвена Звезда се случиле неколку тепачки меѓу навивачите во Белград.

Српските медиуми објавија дека се случиле неколку тепачки низ улиците на Белград, а полицијата реагирала и биле уапсени неколку навивачи.

Засега не се откриваат повеќе детали за тоа дали има повредени хулигани.