Талентиран боксер загина во Украина (ФОТО)

Војната во Украина зема уште една жртва, а тоа овој пат е талентираниот боксер Максим Галиничев кој го загуби животот на 22-годишна возраст.

Младиот боксер во 2017 и 2018 година освои злато со Украина на Европското првенство за млади, а во 2018 година ја претставуваше татковината на летните Олимписки игри за млади, каде што добил сребрен медал.

Галиничев бил волонтер, кој двапати се враќал во војска, откако бил повреден и пренесен во болница.