Свири клавир, има две кучиња: Десет работи кои не сте ги знаеле за – Алексис Санчез!

Чилеанецот прави нов чекор во својата кариера и во скоро време треба да пристигне потврдата за комплетирање на неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Ѕвездата на Чиле одлучи да ги напушти редовите на „топчиите“ и наскоро ќе заигра во црвениот дел од Манчестер, а еве десет работи кои можеби не сте ги знаеле за него.

1. Алексис Санчез е роден во Токопија во севено Чиле. Додека не станал богат, местото немало доктор. Неговиот брат вели дека Санчез единствено можел да работи како рудар, ако не играл фудбал.

2. Во Чиле го нарекувале „чудното дете“, но детски прекар му бил „верверица“ затоа што бил подготвен да се качи на дрво или на друго место за да ја земе топката. Денес една од централните улици во неговиот град го носи името Алекис Санчез.

3. Својот прв договор со Франциско Феличевиќ го потпишал со Кобрелоа за 1000 долари. Мајка му била казнета затоа што продавала риба без дозвола, и се заканувал затвор, па агентот ја платил казната. Татко му го напуштил додека бил дете, а и помагал на мајка му така што заработувал пари со бокс на улица, перел автомобили на семафори и други работи.

4. Еднаш ги изгубил клучевите од автомобилот во Удине по што морал да истрча четири километри за да ги земе резервните клучеви и да се врати.

5. Знае да свири клавир, иако не е експерт, сепак знае неколку популарни композиции.

6. Првите копачки му ги купил градоначалникот на Токопија, кога Санчез имал 15 години. Претходно Чилаенецот морал да позајмува копачки од своите другари за да игра за локарлниот тим. Често играл и бос по камења, па поради тоа некогаш потскокнува додека трча.

7. Му се одолжил на својот град, отворил болница, а секој Божиќ испраќа камион со подароци за сиромашните деца.

8. Алексис е најмлад репрезентативец во историјата на Чиле, дебитираше на само 17 години против Нов Зеланд во 2006.

9. Има две кучиња, Атом и Хамбер кои имаат и знаме на „Емирати“, а сега ќе биде симнато од таму и ќе биде закачено на „Олд Трафорд“.

10. Алексис има сон да стане актер, игра во детективски серии, а има снимано и реклами, како кампањата на репрезентацијата на Чиле за Мундијалот во Бразил, но и реклами за мобилни телефони.