Страшна сцена од Холандија: Силно невреме урна дел од кровот на стадионот на АЗ Алкмар (ФОТО)

Холандија го погоди силно невреме ова попладне, а од Алкмар стигнуваат драматични информации. Таму беше урнат средниот дел од кровната конструкција на стадионот „АФАС“, на кој натпреварите како домаќин ги игра АЗ Алкмар.

Клубот ги објави и првите фотографии од стадионот по невремето, но за среќа нема повредени во немилиот настан.

Стадионот беше изграден пред 13 години, во август 2006 година, а чинел околу 38 милиони евра.