Србите „пумпаа“ во белградска арена, а паднаа и тешки навреди за Вучиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Србија ја прегазија Словенија во последниот пријателски меч пред Европското првенство, а во белградската арена привлече внимание и однесувањето на навивачите.

Дел од навивачите на Србија почнаа со скандирање „пумпај, пумпај“, со цел да ги поддржат студентите кои протестираат низ улиците на нашиот северен сосед, а потоа можеа да се слушнат и навредливи повици на сметка на претседателот Александар Вучиќ.