Србите ќе настапат во опрема која им е добра само ако - одат на раце! (ФОТО)

Српскиот олимписки тим го испрати мал скандал на отворањето на Игрите во Пјонгчанг. 

Српската јавност на социјалните мрежи запраша зошто опремата на спортистите според распоредот на боите е како на руското знаме? Српското знаме е црвено, сино и бело, а руското со обратен редослед на боите.

Опремата на српските спортисти е токму таква. Прво бела, па сина, па панталоните им се црвени. Еден досетлив Србин пронајде начин како опремата да изгледа правилно според боите на српското знаме.