Србија како Северна Кореја: Прекина пренос поради финалето на косовската џудистка

Србија не ја признава независноста на Косово кое го смета за свој неизоставен дел од територијата, но најмладата европска држава на ЛОИ во Токио вторпат настапува и на овие игри веќе стигна до две златни одличја и тоа во џудо. Од вкупно трите на единствените две ЛОИ, откако во Рио де Жанеиро пред пет години стигнаа до историското прво.

Поради затегнатите односи со Косово, националниот сервис на северниот сосед РТС направи потег кој многумина ги разбесни. Финалниот меч на Косовката, Нора Ѓакова во категоријата до 57 килограми не го пушти во пренос, односно го прекина пред да почне тој дуел на новата олимписка шампионка.

Цензурата ја крена половина српска јавност на нозе, која посочи дека Србија почнала да користи севернокорејски методи.

РТС, пак, објасни дека прекинот на финалето не бил намерен, туку немало кој да коментира, зашто новинарската екипа во Токио заврши во карантин поради заразен патник во авионот со кој доаѓале во Токио, иако сите се вакцинирани.

„Најголемиот дел од новинарите во Токио се во двонеделен карантин, па до прекин на преносот дојде зашто немаме доволно луѓе за да ги покриеме сите настани“, објаснила Оливера Ковачевиќ, урендичката на РТС.