Солшер му подаде рака на тренерот на Клуб Бриж, а тој му го сврте грбот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Клуб Бриж во првиот меч од нокаут-фазата во Лига Европа, а по мечот во центар на внимание беа тренерите на двата клуба, Оле Гунар Солшер и Филипе Клемент.

Тие се поздравија и разменија неколку зборови пред почетокот на дуелот, но потоа Клемент го „откачи“ Солшер, кога му подаде рака Норвежанецот.