Скандал: Претседател на клуб му удри бокс на судијата! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Кано Пиларс и Дакаде заврши 1-1, но ќе остане запаметен по скандалот кој се случи, откако претседателот на домаќините реши да му удри бокс на судијата.

Првиот човек на Кано не беше задоволен по примениот гол, па го нападна судијата, по што погодокот беше поништен.

Нигериските медиуми пишуваат дека судиите добиле смртни закани, па решиле да го поништат голот на Дакаде за да немаат проблеми при заминување од стадионот.